МЗ: Се зголемува интересот за вакцинација

by fokus

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерството за здравство.

Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 484.220 граѓани.

– На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 358.686 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.299 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.732 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 586.537 дози вакцини, а ревакцинирани се 227.851 граѓани. Со последните бројки 53 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  50 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 45 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина, стои во соопштението од Министерството.

Поврзани новости