МЗ: Оценети сме како најподготвена земја во регионот за прием на вакцините од КОВАКС механизмот

by fokus 15:40
15:40

Откако СЗО во изјава за „Фокус“ посочи дека кога ќе стигнат вакцините во Македонија преку КОВАКС механизмот, освен од достапноста на дозите, зависи и од подготвеноста на земјата, од Министерство за здравство велат дека нашата државата е оценета како како прва во регионот по подготвеност за прием на вакцините против Ковид 19.

-Нашата земја е рангирана како прва во регионот по подготвеност за прием на вакцините против Ковид 19. Изминатиов период од страна на нашата земја беа доставени информации и податоци за подготовките на нашиот здравствен систем како и другите институции во процесот на спроведување на вакцинацијата. За вакцинација против Ковид 19, ќе ја користиме постоечката, функционална и одлично поставена здравствена инфраструктура каде досега се одвива вакцинацијата. УНИЦЕФ ќе ја врши диструбуцијата на вакцините од производителите до нашата земја. Во земјава пак економските оператоти со кои и досега работи МЗ ќе ја чуваат и дистрибуираат вакцината до вакциналните пунктови и болниците. Обезбедени се ладни соби, комори, фрижидери и возила со ладнилници за транспорт на вакцините кои бараат соодветна температура за чување, како би се запазил „студениот синџир“, објаснуваат од Министерството за здравство за „Фокус“.

- Advertisements -

Пред вакцината да може да биде пуштена во употреба, дозвола треба да биде издадена од Агенцијата за лекови – МАЛМЕД. Тоа се уште не е направено. На прашањето кога МАЛМЕД ќе издаде дозвола, од Министерството не даваат конкретен одговор.

-Министерството за здравство ќе обезбеди постапка за интервентен увоз  како би се забрзала постапката за пуштање на вакцините протви Ковид 19 во употреба. Одобрување од МАЛМЕД секако ќе има.

Катерина Смилева Божиновска

 

Поврзани новости