МЗ: Не криеме заболени, се случи резултати од приватна лабораторија да стигнат после прес

by Фокус

Министерството за здравство ги демантира обвинувањата на опозицијата за наводно прикривање на 20 случаи на заболени од ковид-19.

„Министерот Филипче од првиот дијагностициран случај на ковид-19 во земјава известува точно, навремено и транспарентно. На 02.06.2020 година, министерот Филипче на прес-конференција потенцираше дека се до почеток на прес-конференцијата се уште не се стигнати бројките од една приватна лабораторија. По добивањето на бројките од приватната лабораторија, Министерството за здравство во 18:41 часот преку соопштение информираше за деталната анализа која ја најави и министерот Филипче на прес-конференцијата“, велат од МЗ.

Поврзани новости