МЗ: Досега вакцинирани 763.965, вчера прва доза примиле 2.057 граѓани

by Fokus 10:23
10:23

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 763.965 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.493 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647.769 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, како што се посочува, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

- Advertisements -

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 – годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, стои во соопштението.

Поврзани новости