МЗ: Девет починати и 103 оздравени пациенти од Ковид-19

by Fokus

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени, а починати се 9 лица, соопштија од министерството за здравство.

Оздравените пациенти се од: Скопје-53, Дебар-3, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-7, Велес-5, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-11, Струмица-1, Крушево-1, Кичево-3, Ресен-9.

Тројца пациенти починаа во Скопје (48, 78 и 57г), двајца од Куманово (92 и 75г), по еден пациент од Штип (80г) и Струга (79г) и двајца од Гостивар (55 и 74г). Од нив седум пациенти се починати во болница, двајца надвор од болнички услови, потврдени позитивни вчера и денес.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и една мајка и едно дете суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 99 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 42, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани новости