MЗ: Денеска се регистрирани 622 нови случаи на Ковид 19

by Fokus

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.452 тестирања, а регистрирани се 622 нови случаи на Ковид-19.

Од новозаразените половината или 300 се од Скопје, Куманово-29, Дебар-10, Штип-18, Прилеп-23, Тетово-9, Струга-3, Велес-19, Битола-19, Охрид-22, Кавадарци-29, Гостивар-7, Гевгелија-10, Струмица-16, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-2, Берово-19, Валандово-1, Виница-8, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-5 и Неготино-15.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.328, бројката на оздравени пациенти е 65.793, на починати е 2.571, а бројот на активни случаи изнесува 16.964.

Од вчерашната статистика се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 36923, активни 10322
• Куманово 4836, активни 497
• Дебар 661, активни 123
• Штип 3346, активни 201
• Прилеп 4314, активни 420
• Тетово 4820, активни 706
• Струга 2069, активни 242
• Велес 2827, активни 402
• Битола 3096, активни 453
• Охрид 2514, активни 446
• Кавадарци 2222, активни 502
• Гостивар 3428, активни 456
• Гевгелија 1202, активни 235 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2360, активни 449
• Крива Паланка 649, активни 108
• Радовиш 633, активни 74
• Крушево 168, активни 30
• Кочани 1633, активни 181
• Пробиштип 457, активни 36
• Демир Хисар 239, активни 34
• Македонски Брод 223, активни 14
• Пехчево 159, активни 25
• Берово 531, активни 66
• Валандово 317, активни 44
• Виница 457, активни 58
• Делчево 677, активни 201(183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 195, активни 10
• Свети Николе 1048, активни 71
• Кичево 1597, активни 182
• Ресен 664, активни 123
• Неготино 1063, активни 253 (169 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.452 теста се преку: ИЈЗ-595, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-236, Биотек-194, МАНУ -118, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -171, лабораторија Лаор –60, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-52, Инфективна клиника-13, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -757, УК Пулмологија со алергологија –9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 409.991 тестирања на Ковид -19.

Поврзани новости