МВР затвори неколку улици поради чествувањето на Делчев

by fokus

МВР од синоќа воведе посебен режим на сообраќај во Скопје, поради чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев во сабота.

За сообраќај е затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на в сабота ќе се спроведе и на ул.„Лазар Личеновски“ и ул.„Самоилова“.

„Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот“, пренесува министерството.

Вчера бугарското собрание со големо мнозинство ја изгласа декларацијата со која го осудува насилството врз Бугарите во Македонија. Документот наиде на остра реакција од македонското МНР, според кое, декларацијата оди во прилог на провакоторите.

Поврзани новости