МВР за журката на полицајците во Куклица: Приведени се 7 полицајци, во моментот не биле на должност

by fokus

Откако „Фокус“ објави дека во кратовското село Куклица, синоќа десетина лица правеле забава, од кои половина биле полицајци, добивме и официјална потврда за случајот од МВР.

-На 02.06.2020 околу 21.00 часот било пријавено во ОВР Кратово дека полициски службеници прават забава во с.Куклица, кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од Covid 19. Веднаш се преземени мерки и известен е Јавен обвинител, по чии насоки  на местото излегле полициски службеници и на приватен имот во с.Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и кои биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот, одговорија за „Фокус“ од МВР.

Поврзани новости