МВР за 10 дена казнило 6.489 возачи

by fokus

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека за десет дена, од 31 декември 2020 до 9 јануари 2021 година, се санкционирани 6.489 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

Според Министерството, 414 санкции се за нерегистрирани возила (измината важност на сообраќајната дозвола), 520 за возење без возачка дозвола, 185 за возење под дејство на алкохол, 835 за возење со брзина поголема од дозволената и 312 за непрописно престигнување.

-Засилените контроли влијаат врз намалувањето на бројот сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот, наведува МВР

Поврзани новости