МВР: Во текот на изминатото деноноќие 117 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 89

by Fokus

Според статистиката на МВР за периодот во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 117 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а три лица не ја почитувале мерката за изолација.

Поврзани новости