МВР: Во Скопје казнети 311 возачи, од нив 130 за брзо возење

by Fokus

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамките на засилените акциски контроли во сообраќајот, во Скопје казни 311 лица.

Од 311 казнети, 17 лица возеле без возачка дозвола, за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 130, за технички неисправни и нерегистрирани возила 17 лица, а санкционирани се и 49 мотоциклисти, едно возило е привремено одземено возило. За непрописно паркирање казнети се 73 лица, а 78 возила се подигнати со пајак. Исто така изречени се и 15 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости