МВР: Состојбата со исхраната на специјалците е неспоредливо подобра отколку пред две години

by fokus

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла политикантските и неточни тврдења изнесени денес во јавноста од страна на политичка партија за наводната несоодветна исхрана на припадниците на Единицата за брзо распоредување, реагираат попладнево од МВР на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

-Состојбата со исхраната на припадниците на посебните единици, денес, во споредба со до пред две години, согласно сите нутриционистички и други параметри е неспоредливо подобра и поквалитетна во секој поглед. Oколу неисплатените прекувремени работни часови јавноста и граѓаните треба да знаат дека претходните законски и други подзаконски решенија, донесени пред неколку години што се уште се во правна сила, а во врска со прекувремената работа, до овој момент буџетот на Министерството го чинат речиси 20 милиони евра, пари на граѓаните изгубени во судски спорови по основ на неисплатени работни часови. Независно што сега интензивно се работи на точните проценки на разните видови штети од таквиот најблаго кажано недомаќински третман со јавните пари, актуелното раководство на МВР отвори процес на сеопфатно решавање на овој проблем кое што не би било ниту на штета на буџетот на министерството ниту на штета на вработените, се вели во демантот од МВР.

Поврзани новости