МВР со повеќе полицајци ќе го замени видео-надзорот врз Мијалков определен од судот

by Фокус

Кривичниот суд одлучи Сашо Мијалков да биде под 24-часовен аудио и видео-надзор, но за тоа МВР нема опрема, објави Телма.

Oва е новина во законот која никој досега не ја применил, а според Телма, ова е прв ваков случај што се применува токму за Мијалков.

Наместо тоа, од МВР распоредиле голем број на полицајци околу куќата кои, како што објави телевизијата, ќе го заменат видео-надзорот.

Поврзани новости