MВР со казни за 105 возачи во Скопје, 13 без возачка дозвола

by Fokus

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 6 за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 7 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас и 8 санкции за непрописно паркирање, се вели во соопштнието.

Поврзани новости