МВР: Со дезинформации за престрелката на Партизанска собираат политички поени

by fokus

-Министерството за внатрешни работи остро ги осудува обидите за ширење дезинформации и невкусни инсинуации со цел добивање на политички поени, реагираат од МВР на обвинувањата на дополнителниот министер Оливер Андонов кој коментирајќи ја престрелката на Партизанска, ја обвини опозицијата за поврзаност со „криминално подземје”.

МВР ја информира јавноста дека „интензивно, професионално и непристрасно работи на расчистување на настанот од минатата ноќ во кој беше повредено едно лице.”

– Имено, минатата ноќ, непосредно по полноќ, во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ донесено е лицето Д.Т. со повреди здобиени од огнено оружје. Од страна на екипи на СВР Скопје излезено е на местото на настанот, извршени се разговори со повеќе лица и преземени се неопходните оперативно-технички мерки, при што е утврдено дека околу 23:30 часот на се уште неутврдено место од страна на непознат сторител со употреба на огнено оружје биле испукани неколку истрели кон повредениот, кој најверојатно се наоѓал во неговото ПМВ, при што сторителот се дал во бегство во непознат правец. Повредениот најверојатно се упатил кон Градската општа болница и движејќи се по бул. Партизански одреди со своето ПМВ Голф 5 удрил во бетонска жардињера, по што возилото се превртело. По настанот, од страна на случаен минувач, кој се движел со своето возило по бул. Партизански одреди, била повикана итна медицинска помош и повредениот Д.Т. е примен во Ургентниот центар, каде поради сериозноста на повредите е извршен оперативен зафат и констатирани се тешки телесни повреди. Повредениотпо оперативниот зафат се уште се наоѓа во животно загрозувачка состојба – стои во соопштението на МВР.

Од полицијата се уште нема одговор во врска со шпекулациите во јавноста дека во пресметката се инволвирани лица односно обезбедувањата на двете најголеми политички партии од власта и опозицијата.

Поврзани новости