МВР: Зголеменото полициско присуство е поради обезбедување на документација од општината Кочани

by Fokus

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда.

„Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на протест.

Апелираме до граѓаните сите собирања и протести да се одржат во мирна атмосфера“ посочуваат од МВР.

Поврзани новости