МВР со 1068 прекршоци за граѓани за неносење маска

by Fokus

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 1068 прекршоци.

Поврзани новости