МВР: Сите денешни дојави за бомби се лажни

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сите дојави за бомби кои пристигнале утринава се лажни.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР.

Утринава стигна дојава за бомби во седум средни училишта во Скопје и исто така беше пјавено и дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар (Железничка станица), Флатрон и ПС Центар.

Поврзани новости