МВР: Се случи државен терористички напад во липковско Гошинце

by fokus

Портпаролот на МВР, Иво Котевски во изјава за јавноста истакна, дека во два ипол часот по полноќ во селото Гошинце, општина Липково бил извршен државен терористички напад. Според него, четириесет маскирани и вооружени лица со ознаки на УЧК ја нападнале караулата во која имало четворица дежурни полицајци и ги разоружале. На тројца од нив им ги врзале рацете со лисици, почнале да ги удираат, а сетоа тоа го снимале на камера.

Според Котевски, вооружените напаѓачи зборувале на албански јазик, а еден од нив на лош македонски јазик им се обратил со зборовите: „Ние сме од УЧК, пренесете им на сите дека не може да ве спаси ниту Никола Груевски, ниту Али Ахмети, никој не смее да се качи горе, зошто сите ќе бидат ликвидирани“. Откако си заминале напаѓачите, еден од полицајците на кој не му биле врзани рацете, ги одврзал тројцата колеги и тргнале пеш кон селото.

Според првичните информации на МВР, напаѓачите се од Косово, а други детали не беа откриени. Котевски не сакаш ниту да каже дали и кој во моментов ја обезбедува караулата во селото. Додаде само дека во текот на денот јавноста ќе биде информирана со нови детали за случајот.

Поврзани новости