МВР: Се работи на расчистување на случаите со групите кои ширеа навреди кон Албанците

by fokus 15:15
15:15

Министерството за внатрешни работи во соработка со Обвинителството интензивно работи за расчистување на случаите со навивачките групи кои употребуваат навредлива реторика кон Албанците, а со тоа предизвикуваат етничка нетрпеливост.

Имено, вчера на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како група навивачи на улиците во населбата Ѓорче Петров скандираат „мртов шиптар, добар шиптар“. Сличен инцидент се случи и минатата недела.

- Advertising -

– Станува збор за два случаи за што ќе бидат поднесени кривични пријави. Се утврдуваат идентитетите на учесниците, се повикуваат на разговор, се извршуваат разговори со нив. Конкретно за вчерашниот случај утврден е идентитетот на 16 лица и се преземаат сите дополнителни активности со цел да се расчисти случајот, изјави денеска Сузана Праниќ Талевска од Секторот за односи со јавност при МВР.

Таа нагласи дека МВР ќе има нулта толеранција за таквите случаи, така што интензивно ќе се работи се додека не се санкционираат.

Поврзани новости