МВР работи на седум пријави за делење на поткуп

by fokus

До Министерството за внатрешни работи до сега биле поднесени седум пријави за делење на поткуп, на чие расчистување работи полицијата. Од таму информираат дека гласањето генерално се одвива без сериозни проблеми и без нарушување на јавниот ред и мир.

– Во однос на самиот тек на гласањето до овој момент прекини има на дваесетина избирачки места, но сите се поради технички причини и гласањето продолжило веднаш откако е решен проблемот – рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Во врска со инциденти, пак, посочи оти е регистриран само случајот во Бутел на гласачко место во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“, каде имало расправија меѓу двајца гласачи кои се обиделе физички да се пресметаат.

Од МВР ги повикаа граѓаните да пријават какво било нарушување на изборниот процес и апелираа до партиите да се воздражат од негово нарушување.

Поврзани новости