MВР: Приведени дилери кај Сопот, запленет хероин

by Fokus

На автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај село Сопот, вчера во попладневните часови, полициски службеници од Одделот за кримниналистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода А.К.(44) од Прилеп, кој управувал патничко возило „опела зафира“, во кое сопатник бил А.Т.(30) од Прилеп, бидејќи при извршен преглед е пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин.

Како што денеска соопштија од МВР, лицата се приведени во полициска станица и по насока на јавен обвинител против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик.

Поврзани новости