МВР: Пријава за кавадарчанец кој барал да се донесат по 50 гласачи

by fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во Кавадарци била доставена писмена пријава дека лицето Г.Ч. вршело притисок за собирање на гласови во корист на еден од кандидатите за градоначалник.

-Г.Ч. од Кавадарци вршел притисок врз лицата С.Ј. и И.А. да собираат по 50 гласа за еден од кандидатите за градоначалник. Полицијата направила првични проверки и разговарала со С.Ј., за што бил известен и надлежниот јавен обвинител. Поради документирање на случајот, лицата била сослушани во основното јавно обвинителство во Велес, а со Г.Ч. бил извршен разговор во полициската станица во Кавадарци, информираат од МВР.

Од Министерството демантираат дека бил приведен кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.

Поврзани новости