МВР: Повредените од Вевчани се надвор од животна опасност

by Фокус 12:42
12:42

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение во врска со вчерашната трагедија во Вевчани, кога 56-годишниот З.С. во кафеаната „Плаца“ застрела и уби две лица, а две се здобија со тешки повреди.

„Вчера околу 21,30 часот во летната бавча од угостителскиот објект „Пјаца“ едно лице испукало 10 проектили од пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри кон четири лица кои седеле во објектот.Од здобиените повреди, во општата болница во Струга починале две од повредените лица, Владо П.(43) и Мате Ѓ.(23) двајцата од Вевчани, со телесни повреди се здобиле Г.К.(33) од Вевчани кој има повреди во пределот на левата надлактица поради што е пренесен во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и И.П.(29) од Вечани кој поради три прострелни влезно-излезни рани во пределот на абдоменот е опериран во болницата во Струга. Повредените лица се надвор од животна опасност“, се вели во соопштението од МВР.

- Advertisements -

Осомничениот убиец е приведен и најден е пиштолот што З.С. легално го поседувал.

Фокус веќе објави сведоштва од роднини на еден од убиените, кои тврдат дека осомничениот убиец уште пред два месеци му се заканувал на сега починатиот Владо Попески.

Двајцата убиени од Вевчани: Матеј Ѓурчески и Владо Попески

 

Поврзани новости