МВР: Повредени се над 20 полицајци и припадници на армијата

by Фокус 11:09
11:09

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети повредениот полицаец, кој по вчерашниот обид за насилен влез на мигрантите на македонска територија беше задржан на болничко лекување.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера беа повредени уште 13 полицајци и 9 припадници на АРМ, кои по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Инаку, тие беа повредени откако околу 3000 мигранти се обидоа на сила да влезат на македонска територија.

- Advertising -

Поврзани новости