МВР потврди, спасувачка акција кај „Мавровка“: Момче сака да скокне од зграда

by Fokus

Во зградите близу  трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје, во тек е спасувачка акција на пожарникари и полицajци кои се обидуваат да спасат млад маж кој наводно сака да скокне од зграда.

Спасувачките екипи преговараат со лицето во обид да го разубедат, а околу зградата поставија и душек.

Од МВР за „Фокус“ ја потврдија оваа информација.

-На 08.06.2021 год. во 08,10 час. пријавено е дека на ул.Филип 2 , кај Мавровка, НН машко лице качено е на покривот од зградата и се заканува дека ќе се фрли од истата, На терен се полициски службеници и се преземаат мерки, се вели во одговорот на МВР за „Фокус“.

На терен е присутна и екипа на Брзата помош.

С.Т.

Поврзани новости