МВР потсетува: Забранети се собирања на отворен и затворен простор за Бадник и Божиќ

by Fokus 18:54
18:54

Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест Ковид-19 предизвикана од вирусот Сарс Ков 2, случаите и временскиот период на нивна примена се забранува организација и одржување прослави на јавни места и површини по повод претстојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година.

– Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата, МВР ги информира граѓаните дека сè уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса [email protected], на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници. МВР, ценејќи ја заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје, уште еднаш упатува апел до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сè со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје – се вели во соопштението.

- Advertisements -

Поврзани новости