МВР по невремето: Оштетени 10 возила, „опел“ заглавил во вода кај Континентал, нема повредени луѓе

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи информираат за штетите пријавени во полицијата во врска со невремето што попладнево го зафати Скопје. До 14.00 часот во полициските станици на територијата на Скопје, велат од таму, се пријавени 10 оштетени возила.

Невремето предизвика поплави на повеќе улици. Кај кружниот тек во близина на хотел Континентал возила марка „Опел“ било заглавено во вода. Службите интервенирале и возилото е извлечено.

Сообраќајот бил пренасочуван кај улица „Цветан Димов“ поради паднато дрво, и кај улицата „Лазар Личеновски“ од истите причини. Сообраќајот е веќе вратен во нормална, додаваат од МВР за „Фокус“.

Регистрирани се и штети на кровни конструкции. Една таква пријава е на територијата на Општина Арродром.

Од МВР додаваат дека се во тек отстранувања на дрвата. Посочуваат дека до овој момент нема пријави за повредени лица.

Поврзани новости