МВР отвори истрага за објавувањето на новите „бомби“

by fokus 13:51
13:51

Објавувањето на новите прислушувани разговори ќе биде предмет на истрага која што ќе ја водат Министерството за внатрешни работи во координација со Јавниот обвинител, велат од МВР за „Фокус“.

„Согласно надлежностите започната е истрага во врска со објавените телефонски разговори. За текот на истрагата јавноста дополнително ќе биде информирана“, велат од МВР.

- Advertisements -

Новообјавените разговори откриваат комуникација меѓу власта и опозицијата во време додека со Владата управуваше ВМРО-ДПМНЕ. Во еден од разговорите наводно се гласовите на Оливер Спасовски и Гордана Јанкулоска, кои се договараат како да се постават пред медиумите.

Зад објавата потпишан е извесен „Илија громовник“, а разговорите се постирани на мрежата „Vk.com“.

Од СЈО велат дека разговорите не протекле од нивната институција и ќе проверат дали овие бомби ги имаат во нивните материјали.

М.В.

Поврзани новости