МВР објави видео од птичја перспектива од вчерашните насилни протести

by fokus

Министерството за внатрешни работи објави уште една видео снимка, овој пат од птичја перспектива, снимено од камерите на канделабрите од вчерашните насилни протести пред Собранието.

Поради насилно однесување, туркање на заштитната ограда, фрлање камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот кордон, и обид за насилно влегување во собраниската зграда, МВР приведе 26 лица.

Во насилните протести повредени се седум полицајци, а уште 10 лица побарале лекарска помош.

Истрага за синоќешните случувања пред Собранието на РМ покрена и Основното јавно обвинителство Скопје.

Поврзани новости