МВР: Нови 4.000 бегалци влегле во земјава

by Фокус

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 4.396 странски државјани, кои се бегалци од воените жаришта, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, 1.822 од нив се од машки пол, 808 се од женски, 1.388 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 378 деца кои патуваат без родител.

Од Министерството посочуваат оти најбројни од нив се државјаните на Сирија, кои во вкупната бројка учествуваат со 2.314 лица.

Поврзани новости