МВР: Немало инциденти со таксистите

by Фокус

Од Министерството за внатрешни работи ги демантираат информациите дека денеска имало судир меѓу полицајците кои ја обезбедувале пругата  и таксистите кои протестираа во Гевгелија.

– Полицијата не употребила сила ниту пак имало потреба од такво нешто, кога им објасниле на таксистите дека треба да се тргнат од пругата тоа се случило – велат од МВР.

Според неофицијалните информации на еден од таксистите му се слошило, но не заради тоа што врз него била употрбена сила, туку заради тоа што има хронично заболување. Тој се онесвестил и бил пренесен во болница.

Од МВР велат дека и целиот настан го имаат документирано со снимка, но дополнително ќе проценат дали снимката ќе биде објавена во медиумите.

Инаку протестот на таксистите е прекинат и возот од Гевгелија може слободно да поминува. Таксистите се гневни што повторно остануваат без работа.

 

Поврзани новости