МВР: Нема повредени во пожарот во “Жито Битола”

by fokus

Во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола, а досега нема пријава за повредени лица, соопшти МВР.

-Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. До сега нема пријава за повредени лица. Полициските службеници во координација со територијалната противпожарна единица Битола интензивно преземаат мерки за гасење на пожарот, велат од МВР.

На терен во индустрискиот дел на Битола првично се излезени 25 пожарникари со седум возила, а местото го обезбедува полицијата.

Поврзани новости