МВР: Не прислушуваме ниту една партија

by Фокус

Министерството за внатрешни работи демантира дека се прислушуваат членови на раководство на некоја политичка партија, откако прво Никола Груевски, а денес и Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека МВР го прислушува врвот на опозициската партија.

„МВР ги отфрла како целосна невистина наводите изнесени во јавноста од една политичка партија. Времето на злоупотреби на МВР за партиски цели заврши со промената на власта. Во Министерството за внатрешни работи следењето на комуникациите се одвива исклучиво согласно процедурата пропишана во постојните законски и подзаконски акти“, наведува МВР во демантот.

Од таму напоменуваат дека во Собранието на Република Македонија постојат две надзорни комисии чија функција е вршење надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и над примената на ПИ мерките, кои, според МВР, во секој момент можат да извршат надзор и контрола над примената на овие мерки.

Поврзани новости