МВР не го бара Сеад Кочан, судот се уште не побарал асистенција

by fokus

Министерството за внатрешни работи се уште нема добиено барање од Кривичниот суд да асистираат во спроведувањето во притвор на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“, велат од МВР за „Фокус“.

Спред процедурата, прво судски доставувач прави обид да го достави решението за притвор на ососмничениот. Доколку пак доставувачот не го најде, тогаш судот бара асистенција од МВР.

Одлуката за притвор беше донесена вчера попладне, откако Кривичниот совет одлучуваше по жалба на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи судија на претходна постапка одлучи Кочан да се брани од слобода. Адвокатот Никола Додевски денеска истакна дека тој се уште не го примил решението.

Инаку бизнисменот Кочан живее во непосредна близина на МВР.

Покрај Кочан, во овој предмет осомничен е и Василије Авирович, овластен потписник на компанијата „Силекс неметали“, за кого судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост. Според истрагата на СЈО, обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“.

Поврзани новости