МВР: Наводно спасените мајка и ќерка не се регистрирани во ниту една болница

by fokus

Од МВР денеска информираа дека во ниту едн од скопските болници вчера не биле донесени мајка и ќерка, за кои еден жител на Сингелиќ тврдеше дека ги извлекол живи од калта и ги однел во болница.

-И да ги однел тој со свое возило, ако наводно било така, тогаш од болниците секогаш не известуваат за сомнителни случаи, а не пак за две жени кои четири дена биле во кал. Такви лица во ниту една болница не се згрижени, тоа ви гарантираме, изјавиле за Плусинфо од МВР.

Бесим Весели од Сингелиќ вчера во изјава за Алсат М рече дека после четири дена од поплавата, извлекол живи мајка и ќерка кои според него биле од Албанија.

Поврзани новости