МВР: Kривична пријава за скопјанецот кој му се заканувал на Бејли

by fokus 18:34
18:34

Триесет и четиригодишниот скопјанец доби кривична пријава откако на „Фејсбук”  индиректно му се заканувал на амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли и неговото семејство.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Т.Т.(34) од Скопје, поради основан сомнеж дека го повредил угледот на странска држава. Пријавниот во периодот од 14 до 16 април 2016 година од својот фејсбук-профил, повеќепати на официјалната страница на „Фејсбук“ на Амбасадата на САД во Р. Македонија, објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Р.Македонија и кон неговото семејство, со што јавно го изложил на подбив- информираат од МВР.

Поврзани новости