МВР ќе вработи 600 нови полицајци

by fokus

Министерството за внатрешни работи ќе вработува 600 нови полицајци, дознава СДК.мк

Од МВР потврдуваат дека наскоро ќе биде објавен јавен оглас за вработување,но не откриваат повеќе детали.

Неофицијално, најмногу полицајци ќе бидат вработени во регионалниот центар во Скопје, во скопските општини и во Струмица и Охрид.

Инаку, токму прашањето за МВР е последната сопка на која заглавија преговорите помеѓу четирите политички партии.  Интеграциите на министерот за внатрешни работи е главното спорно прашање за кое и вечерва ќе се преговара во Пржино.

Поврзани новости