МВР ќе даде пари за една плата на вработените во Еурокомпозит

by fokus 20:36
20:36

Владата на денешната седница донесе одлука од сметката на Министерството за внатрешни работи да префрли пари на фабриката „11 Октомври-Еурокомпозит“ за да се исплати една плата на вработените.

-Владата донесе одлука МВР да префрли финансиски средства во висина од 10.000.000 денари на сметка на друштвото со цел исплата на една плата на вработените и за набавка на репроматеријали за да продолжи работењето на фабриката, соопшти владината прес-служба.

- Advertisements -

Вработените во фабриката немаат земено 16 плати.

 

Поврзани новости