МВР: Изминатите 24 часа полицискиот час го прекршиле 46 граѓани, 101 добиле решение за изолација, а 217 потпишале самоизолација

by fokus

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација, информира МВР.

– Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 17 лица , а за останатите лица се изготвени записници, соопшти полицијата.

Поврзани новости