МВР истражува кривична одговорност за невестата со пушката

by fokus

Министерот за внатрешни работи на МВР, Митко Чавков, денеска соопшти дека внатрешната контрола на МВР веќе го презела случајот со невестата секретарка во СВР Битола, која на својата свадба пукаше со пушка.

-Утврдени се факти кои посочуваат дека навистина се работи за семејна веселба, и за оружје кое не е службено. Но, постојат сериозни индикации дека има повреда не само на прописи поврзани со Законот за внатрешни работи, туку истражуваме и евентуална кривична одговорност. Така да, веќе имаме извештај од синоќа за овој случај, изјави Чавков.

Вчера од СДСМ објавија фотографии од невестата со пушка за која велат дека е Марија Ристова Калешковска, од неодамна секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола.

Поврзани новости