МВР: Идентификувани се лицата што го отвориле главниот влез во Собранието

by fokus

По извршениот преглед на видео материјалите од безбедносните камери во Собранието идентификувани се лица кои што учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда, информира МВР.

МВР потсетува дека,  претходно ОЈО Скопје побара распишување на централни расписи за приведување на сите 15 лица за кои постојат основи за сомнение за сторени кривични дела.

„На 30.04 од слобода беа лишени осум лица кои што беа изведени пред судија на претходна постапка. Кај петмина од нив изрече мерка притвор во траење од по осум дена, за едно лице мерка домашен притвор, а за две лица мерка – претпазливост“, се вели во информацијата од полицијата.

СВР Скопје и натаму во координација со ОЈО Скопје интензивно работи на натамошна идентификација на лица кои што биле учесници во немилите настани од 27 април.

Поврзани новости