МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

by Fokus

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува на незаконско поминување на наплатна рампа, информираат од МВР.

„Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот  објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки. Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (18.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок. М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите“, велат од МВР.

Поврзани новости