МВР го казни Османи за зборување по телефон додека вози

by Fokus

Против Бујар Османи ќе биде поднесена прекршочна пријава поради кршење на Законот за патен сообраќај. Како што се гледа на видеото, објавено од Османи, на својот профил на фејсбук, тој додека управува со автомобилот разговара на телефон и минува преку полна линија.

– МВР му изрече соодветна казна на Б.О. за сторен сообраќаен прекршок по законот за безбедност во сообраќајот, потврдуваат од МВР за „Фокус“.

Поврзани новости