МВР: Добивме пријава дека е пукано во Тодоров, напаѓачот е уапсен

by fokus 12:31
12:31

Од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ потврдија дека добиле пријава дека пред малку во кругот на Министерството за здравство некој се обидел да го убие екс министерот за здравство Никола Тодоров.

-Засега информациите се дека било пукано во Тодоров, а напаѓачот е приведен. Ова е се што можеме да кажеме во моментот, ни изјавија од МВР.

- Advertisements -

Од МВР додаваат дека се уште немаат информација дали екс министерот е повреден, а како што дознава „Фокус“ од терен, Тодоров не е повреден.

В.В.

Поврзани новости