МВР добило информации од Интерпол дека на „Тик Ток“ имало повици за самоповредување на малолетници

by fokus 19:11
19:11

Министерството за внатрешни работи добило информации од Интерпол дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на фејсбук.

– Апелирам за внимателно користење на социјалните мрежи. МВР од страна на Интерпол доби информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица. Апелирам до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи, потенцираше Спасовски.

- Advertisements -

Министерот за внатрешни работи додава дека спорeд досегашните сознанија, такви повици нема од профили на наша територија, ниту од околните држави, но, како што посочи, апелира на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања.

Поврзани новости