МВР: Демонстранти упаднале во кафулиња, кршеле инвентар, фрлиле солзавец врз гостите, запалиле комбе

by fokus

Седумнаесет лица, од кои десет полицајци се повредени во синоќешните насилни протести пред Собранието на Република Македонија.

МВР денеска соопшти дека се приведени 26 лица кои се однесувале насилно, ја туркале заштитната ограда, фрлале камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот кордон и се обиделе насилно да влезат во Собранието на Република Македонија.

– Околу 21:30 часот околу 50 демонстранти, движејќи се во група се упатиле кон плоштадот „Македонија“ и насилно упаднале во два угостителски објекти, каде искршиле дел од инвентарот и предизвикале паника и страв кај присутните гости, а во еден објект демонстрантите врз гостите фрлиле солзавец. Во близина на хотелот „Холидеј ин“ запалено е комбе „Фиат“, а огнот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, се вели во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила врз полицијата и насилен упад во институциите, како и нарушување на јавниот ред и мир. Аапелираат на демократски начин на изразување на јавното мислење.

Поврзани новости