МВР дава пола милион евра на фирмата која набави 2 машини за перење за над 25 илјади евра, обвини ВМРО

by fokus

Министерството за внатрешни работи доделилo тендер од половина милион евра за сончеви колектори на фирма блиска до СДСМ и поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, односно на истата фирма којашто доби тендер за набавка на две машини за перење во Ѓорче Петров од 25.500 евра, обвини на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Добитникот на половина милион евра од МВР за сончеви колектори, односно загревачи на топла вода е ДОН ХОЛДИНГ истата онаа фирма којашто доби тендер за набавка на две машини за перење во Ѓорче Петров од 25.500 евра, за градинка во Ѓорче Петров, за две машини за перење 25.500 евра.

За скандалот којшто беше голем во предизборието и за којшто постоеше голем интерес и набавката не се изврши под притисок на јавноста, МВР нема покренато иницијатива, но затоа ДОН ХОЛДИНГ фирмата којашто е блиска до СДСМ и до поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров добива тендер токму од МВР од половина милион евра за сончеви колектори.

Да потсетам според Централниот регистар, но и според податоци во УЈП, компанијата ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е фирма со основна дејност-транспорт. Документите од Централен регистар и документите од УЈП, велат дека Дон Холдинг ДООЕЛ Скопје, е со дејност товарен патен транспорт, друштво со ограничена одговорност на едно лице, дејност товарен патен транспорт, место со адреса Скопје, Ѓорче Петров, обвини Стоилковски.

Тој праша како е можно фирма за транспорт, товарен транспорт, фирма на едно лице, добива тендер од половина милион евра од МВР, како е можно МВР да даде тендер за соларни панели, со инсталација, со се низ нејзините објекти, на фирма- за товарен транспорт, фирма на едно лице и по кои критериуми се воделе во МВР, па за соларни панели за топла вода, и за водоинсталатерски работи да изберат фирма за- товарен транспорт.

Поврзани новости