МВР бара помош од граѓаните во идентификација на тројца насилници од Крвавиот четврток

by fokus 11:36
11:36

Од Министерството за внатрешни работи бараат помош од граѓаните при идентификација на тројца насилници кои учествуваа во Крвавиот четврток во Собранието, на 27 април.

-Заради потребите на истражната постапка што се води во Основното јавно обвинителство –Скопје, а во врска со кривично правниот настан од 27.04.2017 година случен во Собранието на Република Македонија, по претходно одобрение од Јавниот обвинител се врши јавна објава на фотографии за три лица кои што се важни за постапката.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

За таа цел ги повикуваме сите граѓани кои имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на  телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ,,Пријави сомнително лице,,  на официјалниот сајт на МВР  или да пријават во  Јавно обвинителство, се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости