МВР: 790 лица добиле решенија за изолација, 1.071 не носеле заштитна маска

by Fokus

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација, информира МВР.

Полициските службеници кои извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, констатирале дека шест лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за носење заштита на лице регистрирани се 1.071 прекршок.

Поврзани новости